Skip to main content

Демири: Гласав со гордост и надеж дека тоа ќе ја донесе одлуката на граѓаните на која мора да вратиме со работа и чесност

Кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште од коалицијата ВРЕДИ, Зулхајрат Демири по гласањето во селото Градец, изрази задоволство од текот на изборите и кампањата.

Ја исполнив мојата обврска како граѓанин и гласав со гордост и надеж дека тоа ќе ја донесе одлуката на граѓаните на која мора да вратиме со работа и чесност. Излезноста е на високо ниво и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат демократски“, рече Демири.

Тој искажа задоволство од начинот на кој била водена предизборната кампања и дека изборот е на граѓаните и на нив им останува одлуката кој ќе ги претставува во следните четири години, врз основа на програмите кои биле претставени. 

Поврзани вести