
Црвениот крст денска соопшти дека со исплатата на собраните средства за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани, досега вкупно се опфатени 58 семејства на починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош, како и 99 семејство на повредените кои се хоспитализирани во болниците надвор од државава. За секое лице се исплатени по 150.000,00 денари.
За две семејства на починатите лица и 16 семејства на повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.
Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 65.978.726,00 денари, информираат од Црвениот