Skip to main content

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во посета на касарната „Илинден“

Собраниска прес служба

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, кои се во неколкудневна посета на нашата држава, денеска заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски ја посетија касарната „Илинден“ во Скопје, соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

Делегацијата била пречекана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, како и високи претставници на Министерството за одбрана и Армијата.

За време на посетата, членовите на ПК на НАТО, имаа можност да проследат неколку показни вежби на Армијата со што се прикажа обученоста на припадниците на Армијата при изведување комплексни сценарија. Во Домот на Армијата беа брифирани за развојот на македонската Армија и одбраната, се наведува во соопштението.

Во писмената изјава на генералот Лафчиски се наведува дека „оваа годишнина служи како потсетување дека нашето место во Алијансата е резултат на повеќе децениски труд, а нашата иднина е изградена на принципите на колективна одбрана, солидарност и соработка“

Поврзани вести