Skip to main content

Боки доби во Стразбур за „Рекет“, најави кривични за Заев и Русковска

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокатот Сашко Дукоски за случајот „Рекет“, каде беше нападната пресудата за случајот „Рекет“ по повеќе основи, соопшти утрово Бојан Јовановски – Боки 13 на својот Фејсбук профил.

Позитивната одлука на судот во Стразбур, напиша тој, е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и правично судење пред непристрасен суд.

„По конечно завршување на постапката во Стразбур, ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги преземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот ‘Рекет’, во која имаше сѐ, само право не. Граѓаните и јавноста ја заслужуваат вистината за овој фамозен случај ‘Рекет’ преку утврдување на точна и вистинска фактичка состојба во законита постапка каде ќе се утврдат факти и ќе се добијат одговори на сите отворени прашање кои оставија правна и стварна дилема за овој случај, со цел и намера да се заштитат високите интереси на вистинските виновници. Воедно, ве информирам дека донесена е и уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур и прифатена е апликацијата која се однесува на моето незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура. По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот ‘Рекет’, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела“, напиша Боки 13.

Поврзани вести