
Ова е еден проблем кој ја тишти македонската држава, кој Македонија како проблем го има долги години и за кој ќе мора да се зборува гласно и ќе мора да се даде внимание од секој македонски граѓанин и особено од страна на институциите, се со цел да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат вакви несакани настани.
Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прсконфренцијата пред тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.
Се надевам ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани со кои максимално брзо и праведно ќе се постапи во секој еден конкретен случај, при тоа жртвата да биде навремено изолирана од страна на насилникот. Прво прашање ќе биде како максимално брзо биде насилникот да биде тргнат настрана, особено децата, се со цел да немаме дополнителни несакани ефекти – нагласи Тошковски.
На новинарско прашање за најновиот случај на семејно насилство, министерот посочи дека се уште не е запознаен со сите детали, туку само дека насилникот е задржан, и притоа укажа дека тоа не е единствениот случај, туку е уапсено уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.
Дали растот на насилствата е поврзано со ова што се случи, дали поради тоа што се дава акцент на овие вести во периодот, но брзите реакции ќе дадат ефект – нагласи Тошковски.
На прашањето колку пријави имала поднесена Ивана, жртвата која пред неколку дена заедно со својата ќерка сокна од балкон во Скопје, министерот не даде јасен одговор, туку само дека има повеќе пријави.
Имало повеќе пријави, но за жал, секој пат кога ќе дадела пријава, ја повлелкувала. Тоа е најголемиот проблем кој го имаме. Жртивите се под притисок на насилникот, не ја обвинуваме што ја повлекла, но затоа сакаме да најдеме поефикасен институционален одговор за постапување. Тука сме за да најдеме начин како системот 24/7 да фунционира, и за кратко да одговори, и тоа не само од страна на МВР, туку и од сите инволвирани институции, како од социјалните служби, така и од аспект на кривичен суд, граѓански суд, па се до граѓански организации за поддршката која треба да им биде дадена. Па дури и од аспект на обичен граѓанин, кој може да даде инфорамции за насилство, особено за жртви на семејство – нагласи Тошковски.
Потоа нагласи дека секој полицаец дека би дал максимално од себе да може да спречи насилство врз деца и врз жени.

Македонски

