Skip to main content

Апелација ја уважи жалбата и ја поништила пресудата со која Дарко Каевски ја тужел Марија Митева за клевета

Портпаролката на Владата Марија Митева на Фејсбук објави дека Апелациониот суд Скопје ја уважила жалбата и ја поништила пресудата со која била тужена за навреда и клевета од страна на Дарко Каевски, во тоа време пратеник од редовите на СДСМ.

Во период кога СДС декларативно се повикуваа на слободата на говор, во пракса таа слобода се обидуваа да ја ограничат преку правни конструкции и тужби. Така функционираат и денес, наместо аргументи, конструкции, наместо одговори, тужби. Наместо отчетност сакаа замолчување, напиша Митева.

Поврзани вести