Aлександар Ристоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) реагира на објавата на Димитар Апасиев дека власта го затворила Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9.
Со решение на Агенцијата на аудио и ауди визуелни медиумски услуги, на 21.1 од регистарот е избришано Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9.
Ристоски објаснува дека причината за затворањето на радиото не е политички притисок, туку дека тоа било неслушано, бидејќи како што вели младите денеска не слушаат радио и оти социјалните мрежи се медиумот.
Цел е истите средства од тоа радио да бидат пренаменети во мултимедијален систем на УКИМ којшто ќе биде модерен и ќе допира до својата публика.Ниту ВМРО, ниту ниедна партија. Студентите го избравме по логика на денешницата.Жал ми е што сме замешани во политика без никакво истражување на темата од ваша страна професоре Димитар Апасиев. Студентите се млади луѓе кои мнозинството не сме политички определени и сакаме да останеме надвор од овие игри-ги објаснува Ристоски причините за затворањето на радиото.