Skip to main content

Ангелов: Со поддршка на Премиерот проблемите во ДЗС со кои се соочуваме ќе бидат надминати 

Пожарите во текот на летото кога има безмалку секој ден, јас сум на терен. Кога има и повеќе сум покривал што во суштина тоа е работа на директорот на ДЗС, а јас како директор на ЦУК како во недостаток тоа што немаште раководни лица оден на терен. Министерот Тошковски и Премиерот во неколку наврати дојдоа на терен, да видат како се справување.

-Со Премиерот и со министерот Тошковски имам редовна комуникација по потреба и секојдневна. Од нив и од Владата има голема поддршка. Впрочем и моето именување односно назначување како В.Д. на Дирекцијата за заштита и спасување, го сваќам како давање на голема доверба, бидејќи во еден ваков чувствителен момент не можеше да биде поставен на таа позиција, истакна Стојанче Ангелов В.Д. директор на Дирекција за заштита и спасување во гостување во емисија За или Против со новинарот Љупчо Цветановски на ТВ Алфа.

Тој вели дека по укажување на Премиерот ја проучувал работната позиција и смета дека од неговото назначување за в.д. Директор активно работи.

Со поддршка на Премиерот со проблемите со кои се соочуваме кои што се од финансиска природа, бидејќи нема доволно средства за плаќање на некои дополнителни ставки кај ер тракторите, се надевам ќе бидат надминати и очекувам сите три ер-трактори сервисирани да бидат во татковината да бидат во Македонија, истакна Ангелов.

Вели неговото искуство со работење во две влади, претходната на СДСМ и актуелната, покажува дека има разлика во дејствувањето меѓу нив.

-Во делот на оперативност и во овој период некои информации се класифицирани, не се за во јаност, но во овој дел јас сум позитивно изненаден и овој елан што го забележувам ќе продолжи и понатаму. Премиерот е достапен во било кој момент доколку е потребен, министрите за внатрешни работи и одбрана, Тошковски и Мисајловски ми се постојано достапни во случај да има потреба од полиција или од војска. Имаме извонредна комуникација, потенцира Стојаче Ангелов.

Понатаму додаде:

Јас сум член и на Управувачкиот Комитет, за управување со системот за управување со кризи, каде што се членови министрите за внатрешни работи, за надворешни работи, одбрана, здравство и транспорт. Ова тело е финкционално каде што јас како раководител на групана за процена каде што во суштина се носат државните одлуки, на политичко ниво.

Поврзани вести