Skip to main content

Андов: Се обврзуваме на поддршка на спортските клубови и спортските работници и реконструкција на спортските сали

На самиот почеток сакам да ви најавам една фер, коректна и мирна кампања, затоа што нашите сограѓани го заслужуваат ова. Исто така сакам да истакнам, до одредени поединци, да не се злоупотребува трагедијата во Кочани и болката низ која поминуваат родителите на починатите и повредените деца, изјави носител на Советничка листа бр.9 Александар Андов за општина Кочани.

Не смее ниту да се користи ниту да се дозволи да се користи за политички цели.

Ние како општество треба да бидеме обединети и да им дадеме поддршка за полесно да ги надминат овие тешки моменти.

Натпреварот во оваа кампања и во оваа политичка битка, нека биде во идеи и проекти кои што ќе донесат подобро утре за секој граѓанин на општина Кочани.

Како носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, сакам да ви соопштам дека нашата иста од луѓето коишто се позади мене е составена од чесни скромни и достоинствени луѓе. Наши сограѓани кои нема да бидат функционери, напротив, ќе бидат слуги на народот и вистинскиот глас за секој граѓанин во општина Кочани.

Иако е прв ден од кампањата како човек кој потекнува од спортско семејство и цел живот е активен во спортот, сакам веднаш да им се обратам на моите граѓани со директна реформа во спорот преку локална самоуправа – вели Андов.

Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Кочани ќе значи спорт за секое дете во општина Кочани. Спортските клубови и спортските работници ќе добијат директна помош преку носење одлука преку Советот на Општина Кочани за ослободување и плаќање и изнајмување на спортските сали, термините за тренинзи и натпревари. Одржувањето и сервисирањето на спортските сали ќе биде обврска на Општина Кочани преку буџет кој што ќе го оствари Советот на Општина Кочани.

Што значи ова? Секој клуб ќе добие бесплатен термин со што ќе се намалат чланарините во сите спортски клубови. Децата од семејствата со самохрани родители, и корисници на социјална помош ќе бидат целосно ослободени од плаќање на чланарина. Така спортот нема да биде привилегија само на оние кои имаат туку можност и право на сите.

Секое дете ќе може да спортува и да расте во здрава личност во салите на кочанските ангели 16.03.2025 Сашо Лазаров Чапо. Училишните сали во „Гошо Викентиев“ , „Малина Попиванова“, „Крсте Петков Мирисков“, салата за гимнастика ќе бидат сали втори домови за нашите дечиња додека ние како општина ќе добиеме таленти кои ќе добијат амбасадори на нашата општина

Како носител на листата и советничката група во текот на кампањата ќе претставивме уште неколку други директни проекти, во корист на сите граѓани на општина Кочани.

Почитувани сограѓани, за крај ова е вашиот вистински избор. Заокружете го бројот 9 и за градоначалник и за Совет на Општина Кочани – потенцира во изјавата носител на Советничка листа бр.9 Александар Андов.