Skip to main content

Андоновска: Оние кои оставија распадната држава, систем и институции креираат хистерија, а Владата ги презема сите мерки што требаше да ги преземе општина Гостивар

,Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се неосновани, мотивот за сето тоа мислам дека знам од каде доаѓа, од причина што оние кои оставија една распадната држава, еден распаднат систем, распаднати институции, нема пора во општеството коешто ја оставија функционална“, изјави Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје во гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на обвинувањето на опозицијата за водата за пиење во Гостивар.

Еве, јас тргнувам од мојата институција каде што првиот ден кога дојдов, дојдов во време, не на прогласена епидемија во еден град како сега, јас дојдов кога беа прогласени епидемии и во Куманово и во Скопје, пертусис. Еден реагенс немаше. Замислете еден реагенс за да можете да дијагностицирате дали некој има пертусис или не, за да му дадете соодветна терапија. Истите тие коишто ги создаваат и креираат проблемите, што прават хистерија во моментов, оставија во Институтот десет тони хемиски опасен отпад во кругот на Клинички центар, непрописно складиран, со паднат покрив каде што самиот отпад веќе почнал да испарува и, веројатно, можел да создаде одредени здравствени проблеми како што кажуваат стручните лица. Значи, можело да настане и хаварија и експлозија од невидени размери“, истакна Андоновска.

Таа додаде дека тие истите лица коишто ги креирале проблемите, којшто го распаднале системот, денес обвинуваат и тоа за повторно да дефокусираат од вистинските причинители.

Андоновска потенцираше дека што е најважно во овој момент е да престанат со хистеријата што ја прават, бидејќи на никого оваа хистерија не му помага, ниедно решение не дале, со ништо не придонесуваат освен што во моментот креираат хистерија.

Додека од друга страна Владата ги презема обврските што треба да ги има општината за да формира кризен штаб, се вклучуваат многу институции за да можат, што е најважно, да се стабилизира здравствената состојба и граѓаните да добијат вода за пиење. Јас верувам дека институциите ќе останат фокусирани, нема да бидат дефокусирани од овие неаргументирани напади и ќе ја стабилизираат состојбата, а во иднина и ќе го стабилизираат целокупниот систем распаднат систем којшто ни го оставија“, рече Андоновска.

Поврзани вести