Skip to main content

Амбасадорот кој гласаше за промена на името се враќа дома, повлечена и Руси од Бугарија

Доколку одлуката на Законодавно-правната комисија помине и на собраниска седница, амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица ќе треба да се вратат во земјава, бидејќи пред заминувањето не реферирале пред собраниската Комисија за надворешна политика, пишува „Слободен печат“.

Деветмина амбасадори кои заминале на извршување на функцијата без да реферираат во собраниската Комисија за надворешна политика се на чекор до враќање во Македонија, откако на денешната седница на Законодавно-правната комисија беше потврдена можноста за иницирање отповикување на амбасадор да се толкува како одвоена постапк

Одлуката на Законодавно-правната комисија е донесена со 8 гласови „за“, еден „против“ и ниту еден воздржан откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски поднесе иницијатива за автентично толкување на член од Законот за надворешни работи, а Владата даде позитивно мислење.

Доколку оваа одлука помине и на собраниска седница, според неофицијалните информации, амбасадорите Мето Белески(Брисел), Катерина Ставревска (Лондон), Џенк Сејфула (Шведска), Пајо Авировиќ (Мисија на ОН во Виена), Емил Крстески (Прага), Јакуп Реџепи (Сараево), Агнеза Руси (Софија) и Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица) ќе треба да се вратат во земјава бидејќи пред заминувањето не реферирале пред собраниската Комисија за надворешна политика.

Извор: Sloboden pecat