Skip to main content

Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија

Активни се седум пожари на отворен простор од евидентирани 27 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се три, а 17 се изгаснати. Во справувањето со пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер, и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема. 

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),  активни се пожарите во планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација,  во прилепското село Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, со крак кон село Градешница во Новаци и крак кон границата со Грција, зафатена е мешана шума, но не се интервенира поради детонации.

Активни пожари има и меѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и с. Галиште и Трстеник во општина Кавадарци,  каде грои мешана шума и ниска вегетација, меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод, а зафатена е деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во с. Ќосевица во Македонска Каменица, борова шума, с. Ореше, во Чашка, ниска вегетација и букова шума, во кичевското село Горно Црско, ниска вегетација и ниска шума.

Под контрола се пожарите во с. Грешница  во општина Македонски Брод, каде се зафатени мешана шума и сува трева, меѓу с. Драгоево и Селце  во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во карбинското село Јунузлија, каде гори шума.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)  за денеска најави најави променливо облачно и посвежо време претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Според мерењата на УХМР, во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот, наврбале шест литри дожд во Маврови Анови и Лазарополе, четири во Тетово, три во Попова Шапка, два во Пожаране, еден во Скопје-Зајчев Рид

Поврзани вести