
Лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети утрово излезе меѓу првите на гласање на вториот круг од локалните избори.
Тој се појави на избирачкото место веднаш по отворањето во 7 часот.
„Денес гласав со убедување и посветеност на човек кој длабоко верува во патот на мирот, еднаквоста и достоинството. Гласав за ден со достоинство, за иднина каде што секој граѓанин се чувствува еднаков и почитуван во својата земја. Гласањето е одговорност, тоа е доверба и тоа е обврска кон идните генерации“, напиша Ахмети.

Македонски






