
Адвокатот на поранешниот министер Крешник Бектеши, кој е во притвор како осомничен за одговорност во случајот со страотниот пожар во Кочани, во интервју за ТВ „21“, кое ќе се емитува вечерва, ги оцени како правно неиздржани и апсурдни обвинувањата кои им се ставаат на товар на Бектеши, но и на другите 27 осомничени.
Адвокатот Еленко Миланов вели дека тоа колку угостителските објекти биле контролирани и проверувани, се гледа од последните контроли, кои се прават сега, при што се утврдуваат истите пропусти во дискотеките и кабареата.
Ова Министерство за економија ги има истите пропусти во тие објекти, и каде би била тука поврзаноста да Крешник Бектеши, па и многу од овие лица да можат да се товарат како директни извршители во однос на самото настанување на овој пожар?, вели Миланов.