
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во интервју за емисијата „Дијалог те Лајми“ ја обвини актуелната власт дека ги влошува меѓуетничките односи во земјава. Адеми предупреди дека одредени македонски аналитичари и политичари отворено зборуваат за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година – овој пат како форма на одмазда кон Албанците, пишува „4њуз“.
Во јавноста се зборува дека сега следува второто полувреме од играта меѓу Македонците и Албанците, каде што некои тврдат дека Албанците го добиле првото полувреме и сега сакаат да го поништат резултатот“, рече Адеми.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат таен договор уште од 2022 година, со цел Албанците да бидат исклучени од важни одлуки и институции. Тој вели дека ова е стратегија на системска маргинализација која има потенцијал да го загрози општествениот мир.
Македонија во 2024-2025 е сосема различна и ова не е истата земја како пред војната“, заклучи Адеми