Skip to main content

Адеми пред полициска станица: ДУИ да не биде покажувана како виновна за трагедијата во Кочани

Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми бара ДУИ да не биде покажувана како виновна, оти како што рече „ова не им служи на меѓуетничките односи“. Ваквиот став на Адеми доаѓа откако ексминистерот за економија, Крешник Бектеши беше повикан во полициска станица за издадената нелегална лиценца за дискотеката каде загинаа 59 лица.

„Денеска требаше да бидеме сполтени за семејствата и помагање на повредените. Но за жал видовме дека човечноста кај најодговорните авторитети, е исчезната. Денеска видовме политиканство, политички интриги. Уште во утринските часови кога стигаа информациите, почна да се прави спинот, кој стана наративот на Владата. Се развиваше теоријата дека зад несреќата стои Албанец од ДУИ, за потоа да објават фалсификувана лиценца, Наместо министерот за внатрешни работи, да ја преземе одговорноста што дозволил да работи кабарето, тој се обиде на бесрамен начин да ја префрли работата на етничка и партиска димензија“, рече Адеми.

Прес-конференцијата, Адеми ја правеше пред полициската станица во Карпош, каде на распит е Бектеши.

Поврзани вести