Skip to main content

30 жртви се од Кочани, пет од Штип, тројца од Пробиштип…

Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани утре, во различен временски период. Ќе присуствуваат голем број свештени лица од синодот, изјави влaдиката Иларион.

Колективно и на иста парцела утре ќе бидат погребани петте штипски жртви во кочанската трагедија. Кобната ноќ во дискотеката во Кочани, својот живот го изгубија и шест млади лица од Облешево. Виница изгуби два млади животи во таа страшна ноќ. Во пожарот во дискотека во Кочани се и тројца граѓани на Пробиштип, двајца средношколци и еден полициски службеник.

Неколкумина од починатите се од Скопје, меѓу кои и членови на бендот ДНК. Сара Пројовска, Андреја Ѓоргиевски, Игор Велков се дел од загинатите кои ќе бидат погребани утре во Скопје.

Има жртви од Куманово и од Струмица.

Поврзани вести