
Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката.
Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува на 11 мај со концерт во музичкото училиште ,,Боро Џони“ во Струмица каде ќе блеснат 17 виолинисти, ученици во музичките училишта од Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино и Кочани.

Завршниот концерт кој има меѓународен карактер, ќе одржи на 12 јуни во Скопје.
„Виолин фест“ е и секогаш ќе биде место кое ги обединува младите музичари од различни средини, создавајќи уникатна можност за афирмација на новите генерации на уметници.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ.

Македонски



