
По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолин фест 2026 ќе биде заокружен со свечен концерт во Скопје на 12 јуни во Камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје.
На финалната фестивалска вечер ќе настапат 13 млади виолинисти од државата, како и гости од Србија, Косово и В. Британија, кои пред публиката ќе ги претстават своите музички достигнувања преку дела од познати композитори и богата концертна програма.
Сите учесници ќе бидат придружувани од пијанистката Маја Божиновска.
Основан во 2012 година, Виолин фест прерасна во препознатлив културен настан и единствен фестивал во регионот посветен исклучиво на младите виолинисти. Низ годините, фестивалот стана значајна сцена за промоција на нови генерации музичари,
овозможувајќи им настапи, уметнички развој и стекнување драгоцено концертно искуство.
Завршниот концерт традиционално претставува круна на фестивалските активности и можност публиката да ги проследи најдобрите млади таленти кои со својата посветеност и љубов кон музиката ја градат иднината на македонската музичка сцена.
Концертот ќе започне во 19.00 часот, а влезот е слободен за сите љубители на класичната музика.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Македонија.

Македонски


