
На Светскиот ден на театарот 27 март, денеска започнува четвртото издание на фестивалот посветен на великанот Петре Прличко, во организација на Здружението на граѓани “Плус публика”. Во негова чест ќе биде доделена и истоимената награда за животно дело на актерката Слободанка Чичевска, која веќе четири децении е дел од велешки театар и има одиграно бројни претстави, со кои продолжува да остава белег и понатаму.
Стартот на фестивалот “5ре” ќе се означи со претставата “Госпоѓа Министерка”, продукција на Театар “Ј.Х.К.Џинот”, во режија на Синиша Ефтимов, со која актерката Зорица Панчиќ одбележува 30 години кариера во велешки театар.
Освен театри од земјава, годинава на фестивалот за првпат ќе учествуваат и театри од Србија и од Црна Гора. На затворањето на фестивалот, на 16 април, за првпат ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка улога, за најдобра претстава и најдобра режија, а наградата е плакета со ликот на Петре Прличко и благодарница.
Билетите се во продажба на билетарата во театарот, а средствата собрани од продажба на билетите од отворањето на фестивалот ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.
Целосна програма за овогодинешното издание на фестивалот.
27 март 2025 година (четврток)
„Госпоѓа Министерка“ (ПРЕМИЕРА)
Театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Велес
Режија: Синиша Ефтимов
Почеток: 20 часот
3 април 2025 година (четврток)
„Лошо куче“
Stand-up на Никола Тодороски
Почеток: 20 часот
4 април 2025 година (петок)
„Покојник“
Црногорско Народно Позориште
Режија: Егон Савин
Почеток: 20 часот
5 април 2025 година (сабота)
„Секс, лаги и љубомора“
Народен Театар Охрид
Режија: Коле Ангеловски
Почеток: 20 часот
10 април 2025 година (четврток)
„Капетанот Џон Пиплфокс“
(музичка претстава за деца) – Мак Данс Студио
Режија: Горан Илиќ
Почеток: 18 часот
11 април 2025 година (петок)
„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“
Народно Позориште Ниш
Режија: Игор Павловиќ
Почеток: 20 часот
12 април 2025 година (сабота)
„Фамилија Адамс“
Драмски Театар Скопје
Режија: Теа Беговска
Почеток: 20 часот
14 април 2025 година (понеделник)
„Мис Стон“ – (проекција на филм)
Кинотека на РС Македонија
Почеток: 20 часот
15 април 2025 година (вторник)
„12“
Македонски Народен Театар
Режија: Синиша Ефтимов
Почеток: 20 часот
16 април 2025 година (среда)
„Широк дијафазон“
Stand-up со Сашко Коцев
Почеток: 20 часот