„Во чест на поетот“ е насловот на настанот што ќе се одржи денеска во 11 часот во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Манифестацијата „Во чест на поетот“, со изменета содржина се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов.
На настанот, исто така, ќе се одржи промоција на книгата „Тантели од зборови“ од авторот Гоце Ристовски, а за делата ќе зборува Трајче Кацаров.