
Tрадиционална групна мултимедијална изложба посветена на синтезата на уметностите, на музиката, танцот, бојата и поетскиот збор, со која секоја година се одбележува празнувањето на љубовта, како моќна инспирација во животот на секоја единка, оваа година е насловена „Вечното танго – Љубов“.
Ликовните дела на уметниците учесници на оваа групна изложба ќе бидат претставени во рамките на Поетската вечер, вечерва со почеток во 19.00 часот во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин” Скопје.