![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/468407616_122163048878051791_823568620423279056_n.jpg)
Вечерва во Народниот Театар во Битола, со почеток во 20:00 часот, гостува претставата „Метаморфози“, текст по Овидиј, во режија на Стајко Мурџев, продукција на Драматичен театар “Никола Вапцаров” – Благоевград, Р. Бугарија.
Оваа современа интерпретација на класичните митови е спој на прекрасна актерска игра, инспиративна сценографија и длабока емоција која го одразува бескрајното човечко стремење за промена и преосмислување.