
„Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година.
Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни проекти Лилјана Степанчиќ.
Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како покровител. Ќе се обратат претседателката на ДЛУМ Јана Манева – Чупоска, претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ Маја Рауниќ Кирков, кураторката Лилјана Степанчиќ од Љубљана и програмскиот директор на НГМ „Мала станица“ Маја Крстевска.

Македонски



