
По 20 год од постоењето на Управата за заштита на културно наследство, овој орган првпат доставува Извештај за работата до Владата на РМ што е законска обврска согласно член 144 б од Законот за Заштита на Културното наследство.
Управата за заштита на културното наследство го објави својот Годишен извештај за 2024 година, со кој ги претставува главните активности и постигнувања во доменот на заштитата, конзервацијата и промоцијата на културното наследство во земјата.
Извештајот ги опфаќа реализациите на теренски истражувања, реставраторско-конзерваторски зафати, соработка со национални и меѓународни институции, како и проекти од особено значење за локалната и националната културна меморија.
Со овој документ, Управата ја потврдува својата заложба за систематски и транспарентен пристап кон зачувување на културното богатство, кое е од суштинско значење за идентитетот и развојот на заедницата.
Во 2024 година Управата за заштита на културното наследство издаде одобренија за интервенции на културни добра од кои :
2498 се одговори преку системот Е-урбанизам во делот на информации, податоци и мислења за изработка на урбанистичко планска документација до ЕЛС.
· 1618 податоци за потребите за изготвување на Урбанистички планови.
· 18 мислења за доделување на концесии за експропријација на минерални суровини.
· Над 700 Уверенија за извоз на незаштитени добра.
· 31 конзерваторско одобрение за непосредна заштита на движно културно наследство.
· 29 одобренија за времено изнесување на движно културно наследство
· 61 одобрение за фотографирање и снимање
· 790 мислења по Урбанистички планови и Урбанистички проекти
· 8 Решенија за ЗКО.
· 71 Дозвола за вршење на археолошки истражувања.
· 11 Одобренија за вршење на конзерваторски истражувања за проекти за недвижно културно наследство.
· 21 Одобренија за вршење на конзерваторски истражувања за проекти за движно културно наследство.
· 10 Конзерваторски одобренија за непосредна заштита на фреско живопис и подни мозаици.
Управата за заштита на културното наследство имаше и врвна Меѓународна соработка како што се конференции, археолошки берзи, работилници, трибини.