
Претстојните петок и сабота, 13.6.2025 и 14.6.2025 г во ДПМ ќе се одржи традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“.
Во петок, 13 јуни, во главната сала на ДПМ наградата „Книжевен жезол“ за книжевен опус ќе им биде врачена на поетот Славе Ѓорѓо Димоски од Македонија и на поетесата Радмила Лазиќ од Србија, а свој настап на свеченоста ќе има и актуелниот состав на етно-групата „Баклава“, која оваа година одбележува јубилеј: 20 години на музичката сцена.
Во сабота, 14 јуни, во ДПМ ќе се одржи „Празник на липите 2025“, книжевно читање на кратки книжевни форми (поезија и кратки-кратки раскази) посветени на актуелни прашања од сегашноста, со фокус на еколошката свест, а ќе бидат врачени и трите награди на победниците на анонимниот конкурс за песна/краток-краток расказ „Помеѓу пејзажот и бетонот“.
Манифестацијата „Празник на липите“, заедно со наградата „Книжевен жезол“ е основата во 1996 г. од страна на поетесата Светлана Христова-Јоциќ, тогашна претседателка на Друштвото.