Skip to main content

Средба помеѓу српски и македонски писатели и поети денеска во Охрид

Во просториите на Почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, денеска во 14 часот  ќе се одржи средба помеѓу српски и македонски писатели и поети.

Организаторот  Здружението за српско – македонско пријателство „Коштана “ од Охрид најавува дека  на настанот доаѓаат  писателите Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, Раденко Поповиќ и Радоња Дубљевиќ. Нивен домаќин на средбата ќе биде познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски со уште неколку поети од Охрид. 

Присутните нанастанот ќе ги поздрави и м-р Михајло Филев, почесен конзул на Република Србија во Охрид.

Писателите од Србија во наредните два дена ќе ги посетат и Св. Наум, Струга и Вевчани а престојот во Охрид ќе го започнат со посетата на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Поврзани вести