Skip to main content

Споделување танцови практики – е новиот проект кој Универзитетот „Гоце Делчев“ го започнува во CEEPUS програмата

Проф. д-р Рисима Рисимкин и доцент Адријана Данчевска-Ровчанин деновиве во Будимпешта ќе учествуваат на конфернеција со која стартува најновиот проект на Катедрата за Современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“ и четири други европски академии, како дел од CEEPUS програмата.

Многу сме задоволни што го добивме овој проект, кој повторно не поврзува со европската танцова сцена, поради можностите кои се отвараат во насока на унапредувањето на системите на настава, но, најмногу заради можноста за размена на студенти и професори, што на нашите сегашни и идни студенти им овозможува непречен развој и надградба на уметничкиот идентитет. Универзитетот „Гоце Делчев“ посветува посебно внимание на константниот развој на студентите и нивна реална надградба“ – вели актуелната деканка на Катедрата за современ танц и Балетска педагогија, проф. д-р Рисима Рисимкин.

Проф д-р Рисимкин ќе го претстави трудот под наслов “Искуството со споделување танцови практитки“, со осврт кон работата на Катедрата за Современ танц и Балетска педагогија при УГД, на кои од самото основање постојано присуствуваат и се едуцираат студенти и од странство.

Доцент Данчевска-Ровчанин ќе го претстави трудот „Македонската современа танцова сцена“ во кој дава опис на достигнувањата и напредокот на домашната сцена.

Овој проект, повторно не става на мапата на европски танцови универзитети и академии и ни помага да бидеме препознанени не само кај нас, туку и на светската танцова сцена. Размената на искуства и споделувањето се посебно важни во уметноста на танцот, посебно на универзитетските програми, а ние сме посебно насочени кон реалани проекти во кои нашите студенти учествуваат постојано. Нашите студенти имааат можност за пракса со Скопје танцовиот театар, (следната недела патуваат на фестивал во Италија), како и можност за соработка со 13 европски универзитети, каде што дел од нив ќе претстојуваат во престојниот период“ – вели доцент Данчевска-Ровчанин, која од 15 септември 2025 година ќе ја преземе функицјата декан на Филмската акдемја.

Дводневната конференција со која започнува проектот „Споделување танцови практики“ се одржува во Трафо центарот во Будимпешата, кој е еден од најпознатите центри за современа култура во Европа, а на проектот покрај УГД учествуваат и Академијата за циркус и современ танц од Будимпешта, Унгарија; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка; Антон Брукнер универзитетот за музика, драма и танц од Линц, Австрија и Академијата за изведувачки уметности од Прага (ХАМУ), Република Чешка.

Поврзани вести