Skip to main content

Собранието потпиша Меморандум за соработка со Музејот на Македонија и со Музејот на современа уметност

Претседателот на Собранието Африм Гаши и директорите на Музејот на Република Македонија, Борче Топуковски и на Музејот на современа уметност, Тихомир Топузоски потпишаа Меморандум за соработка, со кој, меѓу другото, се истакнува улогата на културата и уметноста во општествениот развој и се искажува волја за развивање на свеста за унапредување на културните и уметничките вредности во зградата во која е сместен законодавниот дом.

Како што соопшти собраниската прес-служба, целта на меморандумот е да се обезбеди зачувување на сите материјални и културни добра што се наоѓаат во зградата на Собранието во изворна состојба, како и преземање на активности за спречување на дејства, појави и влијанија со кои се врши или може да настане нивно оштетување, уништување, исчезнување, деградирање и противправно присвојување.

Собранието и музеите меѓусебно ќе соработуваат заради остварување на целите на овој меморандум преку изработка и спроведување на конзерваторски и реставраторски проекти за потребите на Собранието, без надомест, организирање и спроведување културни и изложбени настани и проекти, консултативни активности и взаемна размена на информации, формирање на заеднички тимови за изработка на регистар на уметнички дела и културно-историски предмети во Собранието, вклучување на страните потписнички во проектни активности од взаемен интерес и други области од заеднички интерес заради кои се заснова соработката.

Поврзани вести