Секретарката за култура на главниот град на Црна Гора, Подгорица, Снежана Томановиќ, која престојува во Македонија, оствари неколку значајни билатерални средби со цел зајакнување на културната соработка меѓу двете земји.
Томановиќ го посети и Културно информативниот центар – Скопје и се сретна со директорот, Антонио Димитров, со кого разговараше за тековните активности на Секретаријатот за култура и можностите за размена и промоција на програми од областа на културата меѓу двете земји, истовремено разменија искуства и разговараа за потенцијални заеднички проекти во 2025 година.
Томановиќ смета дека мисијата на Секретаријатот за култура на главниот град на Црна Гора Подгорица е подобрување на регионалната културна размена преку промоција на современото творештво, зајакнување на соработката помеѓу уметниците и институциите, и афирмација на локалната уметничка сцена на меѓународно ниво, а посетата на Културно информативниот центар – Скопје, како една од најзначајните културни институции во Скопје, според неа, е можност за размена на искуства и договарање конкретни планови и проекти.