Skip to main content

Реконструкција на кулата Пирго над Мокриево на Беласица

Кулата Пирго на локација над Мокриево на планината Беласица е прекрасно место во Подгорот што се спомнува во легендите и памети во историјата како славно историско место особено во контекст на времето на Цар Самоил и битката на Беласица. Времето на (комитопулите Давид,  Арон, Мојсеј и нивниот брат) Цар Самоил е средниот век на Македонија кога оваа кула била во својот автентичен изглед и функција.

Денеска во рамките на своите  работни задачи  посета на локацијата околу Пирго кулата во Ново Село заедно со градоначалникот Георги Божинов остварија в.д. директор на НУ Завод и музеј Струмица Бранко Ѓоргиев,

Душко Цветанов археолог во НУ Завод и музеј Струмица, Трајче Нацев конзерватор проф. на УГД,  Зоран Рујак археолог во Завод и музеј Струмица.

Конзервацијата на Пирго кулата и уредувањето на просторот околу неа се договара да почне во месец Јуни, согласно изработениот основен проект финансиран од општина Ново Село.

Конзервацијата ќе се врши со обезбедени средства од Министерството за култура.

Поврзани вести