Skip to main content

Регионална средба и работилница „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“ во Охрид

Денеска од 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионална средба и работилница на тема: „Цветна библиотека – Хортикултурна библиотека“.

Главен предавач на средбата ќе биде м-р Јелана Петровска, библиотекар – советник од Регионална мрежа на хортикултурни библиотеки која ќе говори на тема: „Новите концепти во трансформацијата на библиотечното работење – хортикултурни библиотеки“.

На тема „Охрид град на цвеќето“ – предавач ќе биде Лидија Иванова, дип. шумарски инженер во Расадник при ЈП „Охридски Комуналец“.

м-р Милчо Јованоски, виш библиотекар од библиотеката од Охрид ќе говори за концептот„ Цветна библиотека во Охрид“.

На настанот ќе присуствуваат над 20 библиотекари од Струга, Ресен, Кичево, Битола, Демир Хисар и Охрид.

Поврзани вести