
Денеска (среда) од 10.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе се одржи регионалниот натпревар „Млади библиотекари“.
Според пријавите на натпреварот ќе учествуваат 16 ученици на возраст до 14 години од осум училиштата во општините Охрид и Дебрца.
Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час и ќе се потпишат со шифра.
Победникот од натпреварот се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар, кој ќе се одржи во Дом на култура „Драги Тозија“во Ресен на 15 мај.

Македонски


