Skip to main content

Прв меѓународен натпревар по пијано во Скопје

Над 80 натпреварувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и САД ќе учествуваат на првиот меѓународен натпревар по пијано PIANO KEY („Пијано клавиш“), што ќе се одржи денеска во КИЦ – Салон 19:19 во Скопје.

Натпреварот е во организација на Здружението за промоција и развој на културата „Модорас“, Скопје. Уметнички директори се д-р Ема Попивода, професор по пијано на Музичката академија во Штип, и м-р Светлана Димитриевска, наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Скопје.

Учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини, во соодветни категории. Натпреварувачите во категоријата онлајн предизвик ќе ги оценува реномирана интернационална комисија, составена од еминентни професори и пијанисти, етаблирани во музичкиот свет: Драгомир Братиќ (Србија), Данијел Ото (Хрватска) и Илинка Манова (САД, Македонија).  Комисија за изведба во живо ја сочинуваат педагози и пијанисти со високи педагошки достигнувања Ема Попивода, Светлана Димитриевска, Катерина Ќетковиќ Фидановска и Цури Колос.

Завршниот концерт на највисоко рангираните учесници на натпреварот и свеченото доделување на наградите ќе се одржат вечер в0 19:30 часот во КИЦ, Салон 19:19.

Натпреварот е поддржан од Амбасадата на Јапонија и од Амбасадата на Австрија во земјава. По тој повод ќе бидат доделени и специјални дипломи за најдобра изведба на дело од јапонски и најдобра изведба на дело од австриски композитор. Овие награди ќе ги доделат амбасадорите Казуја и Памер. Поддршка за македонската класична музика доаѓа и од семејството Цаневи, кои ќе доделат награда за најдобро изведено дело од македонскиот композитор, Благој Цанев. 

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom