Skip to main content

Промовирана книгата „Комуникациски вештини – судска реторика“ од адвокатката  Мимоза Салтирова Славеска

„Комуникациски вештини – судска реторика“ е најновата книга на адвокатката Мимоза Салтирова Славеска, доктор по правни науки, која беше промовирана викендов во Музејот на македонската борба.

Книгата е во форма на истражувачка работа со утврдени цели и задачи, анализа и евалуација на проблемите поврзани со комуникациските вештини и акцент на судската реторика.  Влијанието на комуникациите во процесот на донесување судски одлуки, односно развојот и акцентирање на реторичките вештини во судските процеси … Секој поединец, без оглед на професијата и позицијата, треба да ги надгради и подобри вештините за комуникација. Во однос на судската реторика, во која главни “актери” се судиите, обвинителите и адвокатите, неминовно, покрај професионалното знаење и знаење за правниот јазик, правната терминологија и правните одредби, тие мора да користат комуникациски техники и да ги подобрат за да стигнат до суштината на добро воспоставениот правен поредок во кој постои независно судство, ослободено од разни притисоци врз споменатите учесници. Кога секој од нив ќе ги совлада техниките на говорни вештини што би ги регулирале општествените закони и сите поврзани науки, тогаш стигнуваме до строго дефинирани ликови кои, покрај професионалноста, достигнуваат високо ниво на моралност и компетентност на изразување. Тогаш комуникациските вештини, со исклучок на судиите, обвинителите и адвокатите, во однос на судската реторика, влијаат врз целото општество, т.е. јавноста и медиумите, кои во последниве години се користат како алатки за влијание врз одредени судски одлуки. Прашањето за моделирање на комуникација е директно поврзано со ефективното функционирање на судството. Бидејќи комуникацискиот модел е во состојба да ја гарантира неопходната заштита на правата и слободите, тој не само што мора да се примени со закон и со владеењето на правдата, туку и да напредува во разбирањето на прашањата поврзани со заштитата на човековите права и слободи. … Станува збор за формирање граѓанска култура која одговара на демократските норми во општеството. Во истражувачка работа Салтирова, ги уредила практичните можности за имплементација на моделот за комуникација во судството, но и воопшто.

Рецезенти на книгата „Комуникациски вештини – судска реторика“ се проф. Д-р Владо Бучковски и проф. Д-р Гоце Наумовски, а академски осврт  на делото напраби проф.д-р Александра Деановска –Трендафилова.

Модератор на настанот беше Александра Велинова.

Поврзани вести