Skip to main content

Промовиран романот „Тегли“ од Јордан Коцевски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во просториите на Македонскиот КИЦ во Софија го промовиравме романот „Тегли“, од македонскиот автор Јордан Коцевски. Настанот беше дел од свечената програма по повод 20 години од основањето на Македонскиот КИЦ во Софија и претставува важен момент во продлабочувањето на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Во моето обраќање, истакнав дека Македонскиот културно-информативен центар низ изминатите две децении прерасна во стабилна платформа за презентација на македонската култура и уметност во Бугарија, како и дека ваквите настани се суштински за градење мостови на разбирање и пријателство преку литературата и уметноста. Во рамките на настанот на авторот Јордан Коцевски и на преведувачот Марјан Петров им доделив благодарници: „Мостови на културата“. Овие признанија се дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Македонскиот КИЦ во Софија, институција која веќе две децении посветено работи на афирмација на македонската култура надвор од границите на државата, вели директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, Зоран Пејковски.

Поврзани вести