
Зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“ ќе биде промовиран вечерва во 20 часот во Јуроп хаус во Скопје. На настанот ќе зборуваат уредниците на зборникот: Наташа Аврамовска, Деспина Ангеловска, Дарин Ангеловски, Бесфорт Идризи, Владимир Мартиновски и Кристина Н. Николовска.
Зборникот, во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје, Факултетот за драмски уметности – Скопје, опфаќа 31 научен труд, вклучувајќи го и пленарното предавање на проф. Светлана Слапшак и содржи трудови на македонски, англиски, француски, српски и бугарски јазик.

Македонски






