
Промоција на Зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“, ќе се одржи во Europe House Skopje, на 3 декември (среда) со почеток во 20 часот.
На настанот ќе зборуваат уредниците на зборникот: Наташа Аврамовска, Деспина Ангеловска, Дарин Ангеловски, Бесфорт Идризи, Владимир Мартиновски и Кристина Н. Николовска.
Зборникот, во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје, Факултетот за драмски уметности – Скопје, опфаќа 31 научен труд, вклучувајќи го и пленарното предавање на проф. Светлана Слапшак, и содржи трудови на македонски, англиски, француски, српски и бугарски јазик.

Македонски






