Skip to main content

Продолжува соработката меѓу Македонскиот народен театар и Народно позориште од Белград

Македонски народен театар

Во рамките на вечерашното гостување на Народното позориште од Белград на големата сцена на Македонскиот народен театар, со изведбата на претставата „Вообразениот болен“, се одржа официјална средба помеѓу директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски и извршната директорка на Драмата на Народно позориште – Белград, Анѓелка Вујовиќ.

Средбата помина во духот на взаемна почит и уметнички дијалог, со акцент на продлабочување на културната соработка, размена на искуства и унапредување на регионалната театарска сцена. Овој чин претставува уште една потврда за значењето на меѓународната размена како простор на културно зближување, каде што театарот останува жив мост меѓу традицијата и современиот сценски израз, соопштија од Националниот театар.

Заедничките гостувања, вечерашното и она на „Народен пратеник“ на 4 јуни оваа година во Белград, се во пресрет на одбележувањето на јубилејот 80 години МНТ.

Поврзани вести