Skip to main content

Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Едмонд Сотир: Признание за „Македонско културно лето“ во Пустец за посебен придонес во промоцијата на македонската култура во странство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Едмонд Сотир, актер, основач и организатор на фестивалот „Македонско културно лето“, којшто годинава по 20-ти пат ќе се одржи во Преспа, општина Пустец во Албанија.

Честитајќи го дведеценискиот јубилеј, Сиљановска-Давкова истакна дека фестивалот е исклучително важен, не само за Македонците коишто живеат во Албанија, туку и за сите Македонци каде и да се. Со него, како што рече таа, и покрај сите предизвици на македонското малцинство во Албанија, се негува македонската традиција, култура и идентитет, надвор од границите на државата.

На средбата, Сотир ја запозна претседателката со досега утврдената програма и истакна дека овогодинешното издание на фестивалот „Македонско културно лето“ ќе се отвори на први јули со учество на маестралниот музичар и професор Драган Даутовски.

Соговорниците разговараа и за финансиските предизвици со коишто се соочува фестивалот, како и за неконзистентноста и дисконтинуитетот на поддршката од македонските и од албанските државни институции.

Изразувајќи подготвеност за поддршка, Сиљановска-Давкова рече дека, ќе најде модул за оддавање признание на фестивалот за посебен придонес во промоцијата на македонската култура во странство.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomjojobet güncel girişjojobet girişjojobet girişjojobet girişjojobetjojobetjojobetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetJOJOBETroketbetcasibomzbahis