Денес, од 18:00 до 20:00 часот во книжарницата на „Антолог“ во Центар сите љубители на добрата приказна, ќе имаат можност да уживаат во мало празнично матине. Крајот на големиот јубилеј на „Антолог“ ќе биде одбележан со уште еден нов наслов – „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски.
За сите јубилеи и значајни моменти коишто ги коваат приказните! Мотив да ги барате најдобрите приказни дури и во најсекојдневните нешта. Зборувајте за приказни кои ве размрдуваат од вашата оска! Секој е добредојден на книжевна дружба.
Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво објавено книжевно дело. Расказот „Симбиоза“ се појави во списанието „Студентски збор“ во март 1999 година. Расказот е потценета форма, но истовремено форма со неверојатен потенцијал. Со оваа секавична и фриволна дефиниција секој автор би сакал и самиот да се идентификува, и затоа сметав дека една ваква збирка е најсоодветна за да го обележам овој пишувачки јубилеј со читателите. А кога ќе кажам форма со неверојатен потенцијал, меѓу другото, мислам и на ова: најкратката од овие прози има десет збора, а најдолгата речиси четири илјади зборови, вели авторот Кујунџиски.