Skip to main content

Предавање за историјата на Ромите на Балканот денеска во Europe House Скопје

Францускиот институт во Скопје има чест да ве покани на предавање посветено на историјата на Ромите на Балканот, од нивното доаѓање во Средниот век до Првата светска војна.

Четврток, 05 февруари 2026 година, Europe House Скопје I 19:00

Предавач: Бернар Лори, историчар, професор и познавач на историјата на Балканот

Модератор: м-р Даниел Петровски, Институт за фолклор „Марко Цепенков“

Низ темелен историски пристап, заснован на примарни извори од земјите од Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, Бернар Лори ќе ги посочи динамиките на прилагодување, интеракција и коегзистенција помеѓу ромското и локалното население, разбивајќи ги предрасудите поврзани со нивната маргиналност.

Бернар Лори е автор на делото „Ромите на Балканот, 1280–1914″ кое проследува неколку века социјална, економска и политичка историја на ромското население во регионот.

( Делото е веќе достапно во нашата медијатека)

Настанот е отворен за широка публика: истражувачи, студенти, наставници, културни работници, како и за сите заинтересирани за историјата на Балканот, културната разновидност и општествените динамики во Југоисточна Европа.

Резервирајте го вашето место на: https://forms.gle/aKPFDkzPXFuf7oFcA

Поврзани вести