
На покана од Одделот за едукација и музејско водење, денес, во 19:00 часот, во Музејот на современата уметност-Скопје ќе се оддржи предавањето „Акустична нега и правото на слушање“ на Брендон Лабел, уметник, писател и теоретичар. Предавањето е од отворен карактер, особено значајно за истражувачи кои работат во сферата на инклузијата и звукот.
Модератор на настанот е кустосот Бојана Јанева.
Предавањето „Акустична нега и правото на слушање“ ги преиспитува нормативните конструкции на сензацијата и отелотворувањето, истакнувајќи ја акустиката како критички и креативен елемент. Наместо само физички феномен, акустиката се разгледува како социјално и политичко прашање што влијае врз дефинирањето на слушањето и позициите што произлегуваат од него.
Во оваа смисла, акустиката се појавува како перформативен процес што ги обликува артикулациите и гестовите на самоопределувањето и колективниот идентитет. Од заедничките ритми до создавањето на бучава, се испитуваат тензиите поврзани со припадноста.
Предавањето „Акустична нега и правото на слушање“ ги преиспитува нормативните конструкции на сензацијата и отелотворувањето, истакнувајќи ја акустиката како критички и креативен дел. Наместо само физички феномен, акустиката се разгледува како социјално и политичко прашање што влијае врз дефинирањето на слушањето и позициите што произлегуваат од него. Во оваа смисла, акустиката се појавува како перформативен процес што ги обликува артикулациите и гестовите на самоопределувањето и идентификување. Од заедничките ритми до создавањето на бучава, се испитуваат тензиите поврзани со припадноста. Следењето на перформативни пристапи овозможува продлабочено разбирање на различните способности за внимание. Ова вклучува анализа на капацитетот за модулација на јачината на звукот, преработка на ритми, како и раздвојување или трансформација на доминантните тоналитети во специфични контексти со што се создаваат услови за инклузивност преку акустичните искуства.
Брендон ЛаБел е уметник, писател и теоретичар кој живее во Берлин. Тој е уметнички директор на The Listening Biennial и сродната The Listening Academy. Неговата работа се фокусира на заедницата и поетиката, што резултира со низа колаборативни и вонинституционални иницијативи, вклучувајќи ги Communities in Movement (2019-2023), The Living School (with South London Gallery, 2014-16), Oficina de Autonomia (2017-), The Imaginary Republic (2014-19), Dirty Ear Forum (2013-22), Surface Tension (2003-2008), and Beyond Music Sound Festival (1998-2002). Во 1995 година го основа Errant Bodies Press, независен издавачки проект посветен на подршка на звучната уметност, перформансот и поетика, уметничкото истражување и современата политичка мисла. Неговите публикации ги вклучуваат следниве наслови: Poetics of Listening (2025), Acoustic Justice (2021), Dreamtime X (2022), The Other Citizen (2020), Sonic Agency (2018), Lexicon of the Mouth (2014), Acoustic Territories (2010, 2019) и Background Noise (2015, 2020).