Skip to main content

Повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“

Во периодот од 20 до 23 март и годинава, Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, ПНВ Публикации, Култура Бета и други чинители го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата.

Како и минатата година, така и оваа, го организираме и настанот наменет за поддршка на младите поети „Скопје СИ ТИ“ ‒ поетско читање на млади поети и поетеси почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати, велат организаторите.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во Word документ на мејлот kulturabeta@yahoo.com најдоцна до 14 март.

Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 17 март на фејсбук и на инстаграм страниците на Култура Бета и ПНВ Публикации, а настанот ќе се одржи во Скопје Сити Мол на 23 март, со почеток од 18:00 часот. сст/дма/