Skip to main content

Поетесите Јулијана Величковска и Марија Велинова на фестивалот „Стихот во регионот“ во Загреб

МИА архива

Поетесите Јулијана Величковска и Марија Велинова учествуваат на 14. издание на Меѓународниот фестивал „Стихот во регионот” што се одржува во Загреб, Хрватска.

Македонските поетеси настапија со свои читања, нивни песни во препев од македонски на хрватски од Борислав Павловски, кои се објавени во најновиот број на списанието „Поезија”, издание на Хрватското друштво на писатели.

Денеска, на последниот ден од фестивалот, двете поетеси ќе бидат претставени низ разговор со Кристина Спиранец.

Фестивалот се одржува од четвртокот на повеќе локации во Загреб, Ѓаково и во Врбовец, а учествуваат четириесетина поети и музичари од Хрватска, Италија, Бугарија, Португалија, Индија, Украина, Полска, Србија, Црна Гора и Македонија.

Поврзани вести