
Македонскиот КИЦ во Софија, во рамките на културната дипломатија се вклучува и во Меѓународниот Франкофонски Фестивал „Солеј“ во Созопол на кој наши македонски уметници и творци, ќе ја претстават македонската култура и традиција во повеќе области. Тоа го потврдивме со директорката на фестивалот Александрина Исајилова, напиша на својот фејсбук профил директорот на Македонскиот културен центар во Софија, Зоран Пејковски.