Skip to main content

Од 10 до 13 септември ќе се одржи 12. издание на Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ во Аеродром

Од 10 до 13 септември годинава во скопската општина Аеродром ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Претставите ќе се одиграат во Парк Аеродром (Авионче).

Селектор на Фестивалот е Роберт Ристов, а жири-комисијта ја сочинуваат: Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мими Ристов.

На 10 септември во 20 часот, Фестивалот го отвора Градско позориште Јазавац – Бања Лука, Босна и Херцеговина со претставата „Брачно советување“ во режија на Жељко Стјепановиќ. Во четврток, на 11 септември (20 часот) е „За нас почнува живот“ на здружението МАНА од Скопје, во режија на Дејан Пројковски. В петок, на 12 септември е „Вонбрачна комедија“ на Сцена Маска од Шабац (Србија) во режија на Иван Томашевиќ. Фестивалот се затвора со гостите од Вараждин, од Театар Керекеш, со претставата „Ива и Глорија“ во режија на Јан Керекеш и со стенд ап на Бојан Велевски во 21,20 часот. Потоа следи доделување на наградите.