Skip to main content

Националната опера и балет организира бесплатен концерт по повод 200 години од раѓањето на Јохан Штраус

Националната опера и балет (НОБ) организира бесплатен концерт пред платото на Операта и балетот, на плоштадот „Мајка Тереза“ по повод 200 години од раѓањето на Јохан Штраус. Концертот е закажан за петти јули, во 21 часот.

Овој културен настан се одржува по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при НОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Vinzenz Praxmarer и солистите Brigitta Simon и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус, велат од Операта и балетот.

Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

Поврзани вести