
На 28 октомври, нашиот оркестар ќе настапи во легендарната „Златна сала“ на Музикферајн – домот на Виенската филхармонија и сцената на која секоја година се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот.
Овој настап е круна на нашата 80-годишнина, а воедно ја одбележуваме и 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија.
Солисти: Ана и Игор Дурловски
Диригент: маестро Јерухам Шаровски (Израел)
Програма: спој на македонски дух и европска класика – Бете Илин, Глигор Смокварски, Сони Петровски и Антонин Дворжак.
Со гордост ја носиме македонската музичка традиција на една од најпознатите светски концертни сцени!