
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре (19 август) ќе го посети археолошкиот локалитет Скупи заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин и претставници од Музејот на град Скопје.
Во рамките на посетата, во 10:00 часот ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт – меѓународна истражувачка институција која работи под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.
Покрај тоа, ќе биде склучен и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт и Музејот на град Скопје. Со овој чекор, институциите најавуваат зајакната соработка во археолошките истражувања и заштитата на културното наследство, имајќи ја предвид долгогодишната традиција на институтот во проучување на најзначајните археолошки локалитети во светот.
По потпишувањето, предвидени се изјави за медиумите на самиот локалитет.